ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Болка во уво,УФ! ПЗУ ЛЕК М&M, Ваш матичен лекар со компјутерски прелед на уво

3.093

Болката во увото знае да биде крајно непријатна. Застапена е и кај возрасните, и кај децата. Taa може да се манифестира на едното или на двете уши, може да биде да биде од различен карактер (остра, тапа, жаречка болка) и со различен интензитет (од лесна до неподносливо силна болка).

Велат , од приватана здравствена ординација по општа медицина, ЛЕК М&M, (чија амбуланта се наоѓа во Здравствениот дом Прилеп, познат како Уредот), на Д-р Марија Силеска и дипломираната медицинска сестра Матилда Спиркоска , која можеби е единствената амбуланта по општа медицина во Прилеп, што може превентивно да Ви помогне при овој здравствен проблем.

Во ПЗУ ЛЕК М&M, можете да направите компутерски преглед на уво, нос и грло, со што доколку имате главоболки и воспалителен процес, стручниот тим веднаш може тоа да го согледа и да Ве упатат кај оторинголаринголог или да ви направата т.н „перење на ушите„.

(Видео) Компутерски преглед на уво, д-р Марија Силеска

Најчести причини за појава на болка во увото!

Д-р Марија Силеска: Болката би ја поделиле на два дела, примарна и секундарна. Примарната болка во увото има потекло од увото или од соседните делови ( структури). Секундарна болка може да има потекло од подалечен процес. А, доколку причината за болката не може да биде локализирана во регијата на увото треба да се земе во предвид дека ушната болка може да биде од некое воспаление во фаринкс, врат, хеперемија на тонзили  итн..

Примарна болка :

  • Може да биде предизвикана од бактериска или вирусна инфекција, баротитис…
  • Може да биде предизвикана од акутна инфламација или повреда
  • Од студн воздух или ветер при што предизвикува болка во ушниот канал. Ваквата болка обично се лекува со затоплување.
  • Болка кај хронично воспаление на увото
  • Невралгија на фацијален нерв (ретка но може да даде болка)

Секундарна болка:

  • Болка која што често има потекло од темпоромандибулкарниот зглоб или од регијата на забите. Забната болка исто така може да ирадира кон увото.
  • Болка со потекло од вратна напнатост  која што често пати знае да даде болка во увото.
  • Болести на фаринкс дава чести болки во уво.
  • Болести на паротидните плункови жлезди може да предизвикаат болка

Дали може болката на уво нос и грло да се лечи во домашни услови

Д-р Марија Силеска : Луѓето често пати кога ќе се појави некое непријатно чувство во ушите или пак болка пробуваат сами да најдат некои алтернативи  и да не посетуваат лекар. Тоа е сосема погрешно. Бидејќи, од таа алтернатива, можат да се надоврзат низа други проблеми. Па, затоа им  препорачувам како лекар да ја посетат првата скала во здравствениот систем,  матичните лекари.  Тој ќе утврди дали ќе лекува со терапија или пак ќе го упатат болниот на повисоко ниво, кај ОРЛ специјалист кој ќе направи дополнителни оториноларинголошки испитувања. Во ПЗУ Лек М&M, сме среќни што како стучен тим можеме првентивно да им помогнеме на пациентите, со компутерски преглед на увото или пак со т.н „исперување на ушите“, како првентива.

  „Перење“ на уши – „лек“ за добар слух

Мед. сестра Матилда Спиркоска:  Улогата на церуменот во одржување на здравјето е од исклучително значење,  меѓутоа  по некогаш може да дојде до поголемо таложење предизвикувајќи запушување на ушниот канал и непријатни симптоми како што се чешање , болка, зуење, ослабев слух. Доколку имате непријатно чувство во ушите, чувство на тежина или забележувате  дека до одредена мера  има намалување на слухот не мора веднаш да се паничи. Можеби намалувањето на слухот е поради наслаги на церумен кои што наталожиле на каналот при што се исушиле и буквално предивикале застој на правилното функционирање на овој многу важен орган од човековото тело.

Тоа може да  се врши со помош на иригација со топла вода оносно кај народот познато како “перење на уши”.

Иригацијата е процедура за чистење на учниот канал со топла вода (често уптребуваат и хидроген 3%). Се извдува која каналот и запушен со церумен  (ушна маст). Церуменот го штити увото од бучава, инсекти , бактерии, габи  кои што можат да предизвикаат воспаление на ушите. „Перењето на уши„ може да го направите и во нашата орданација по општа медицина!

Кога е неопходна  иригација на ушите?!

Мед. сестра Матилда Спиркоска:  Човековото тело има природен механизам за чистење кој за време на џвакањето или зборувањето полека се отстранува од каналот во ушната школка од каде лесно може да се избрише.

Многу од луѓето за жал често пати со стапчињата за уши место да го исчистат церуменот  тие го туркаат подлабоко во внатрешноста. Токму тие обиди се причина за запушување на канал и воспаление на увото. Во ваков случај неопходна  е иригација на увото тоа секогаш се прави под медицински надзор во медицинска установа  бидејќи при домашни обиди обично може да се влоши состојбата. Затоа е најдборо тоа да го направи медицинско лице.

Ние како ПЗУ Лек М&M,по општа медицина и како две медицински лица кои посветено ја обавуваат својата здравствена функција, секогаш сме во служба на нашите пациенти!

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: