ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Борис Ночески, млад иноватор – Идеjата, руши бариери! – Предлог бр.8 на Радио Пела за најпрестижната општинска награда “3-ти Ноември“

8.808

Достапна за сите, по принципот „направи сам“  изум на бионичка рака – електронска протеза за лицата без горен екстремитет

Младинскиот предизвик веднаш привлече внимание кај медумите . Нивната иновативна приказна за помош на лицата со хендикеп се рашири веднаш, бидејќи, ретко кога 16 годишници размислуваат на проекти за помош на лица со попреченост. Четворица млади иноватори, тим од средношколци, од средното училиште „Јахја Кемал“ , насловен како Тим Бионик (Bionic ) – Орхан Багашов, (задолжен за дизајнот), Тео Китановски, (за програмирањето), Анамариа Илиева (за изработка на веб-страницата) и НАШИОТ прилепчанецот, БОРИС НОЧЕСКИ, (за менаџирање на социјалните мрежи) измислија, електронска протеза, за лица со недостаток на горен екстремитет, која има низа предности од постоечките на пазарот.

По  принципот „направи сам“, тие, измислија бионичка рака-електронска протеза направена на 3Д принтер. Обезбедуваат упатство и насоки за тоа како да им помогнат на лицата без горен ексремитет (рака), да направат протетичка бионичка рака според димензиите што му одговараат на секој поединечен корисник. Ги упатуваат и учат како самите да ги испечатат деловите на раката со сопствен 3Д печатач, а ако немаат печатач, тимот дава услуга за 3Д печатење, со насоки како корисниците да ја состават раката. Нивните истражувања на пазарот покажаа дека постоечките решенија се протези со цена која надминува десетици илјади евра, додека нивното решение може да се изработи за околу 100 до 200 евра.

„ Така дојде и до идејата! Истражувавме и увидовме дека во светски рамки околу 12 милиони луѓе имаат недостиг на рака, горен екстремитет, вроден или поради ампутација, а од нив, околу 80% се во земјите во развој или сиромашните земји, а само 3 %  од луѓето можат да си дозволат да набават некоја од бионичките раце кои се наоѓаат на пазарот. На пазарот, цената на овој производ е нeдостапна за луѓе од повеќе земји, а и вградувањето на оваа протеза моментно се сведува само за лица над 18 години поради растењето на нивното тело. Сегашната цена на пазарот се движи од 7.000 до 10.000 долари, а нашиот модел може да го добие  секој, за цена од 150-200 евра, и дома на 3Д принтер, нарачувачот може сам да ја направи бионичката рака,  прилагодена на своите потреби, што овозможува  раката да биде достапна за сите генерации и за околу 50 пати да биде поевтина од наједноставните бионички раце на пазарот “  – ни раскажа за идејата НАШИОТ млад иноватор, Борис Ночески при гостувањето во Радио Пела. 

 Прототипот го направивме на работилниците од Generation Unlimited – Младинскиот предизвик за дигитално решение за лица со посебни потреби од УНИЦЕФ и ја добивме наградата за успешен иновативен проект од 1.000 долари за развивање на нашиот прототип.  Раката ја испробавме на жена која е без рака и работи во текстилната индустрија, со што, се потврди дека бионичката  рака е функционална, а Маја ја составила за еден час, вели 16 годишниот млади иноватро, Борис Ночески од  тимот Бионик.

Тимот Bionic со својата иновативна идеја беше еден од двата тима, избрани да ја претставуваат Македонија на глобалниот младински предизвик „Генерација без граници“ кој се одржa во септември и на кој што учествуваа над 80 земји од светот. Младиот тим на иноватори, како резултат на нивната идеја, сега е во преговори за партнерство со 2 светски познати компании, од кои идната е за 3 Д печатење, а другата компанија е од областа на електрониката.

Прилепскиот млад иноватор, Борис Ночески,  заедно со својот тим, е само потврда дека: младите луѓе во Македонија имаат идеи, но потребна е поголема поддршка од општеството и државата да ги вреднуваат нивните изуми и да им овозможат да се реализираат и патентираат !

Според законот за авторски права, не е дозволено преземање на оваа содржина, ниту реченица, ниту пасоси од неа, без дозвола од редакцијата. Во спротивно би решавал Основниот суд Прилеп.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: