ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Во Средните стручни прилепски училишта 85% од учениците сакаат да ја следат наставата со физичко присуство

1.127

Денеска советниците на општина Прилеп на својата редовна Седница ги разгледуваат одлуките на средните и основните училишта за тоа кој вид на настава ќе се одвива во секое училиштата посебно, во учебна 2020/2021 година.

По спроведената анкета  главно, во средните прилепски училишта,  85% од родителите се изјасниле за физичко присутво на нивнте деца во следење на наставата.

Според препораките на Министерството за образование до 10-ти секој месец, секое училиште, треба да доставува барање за настава со фузичко присуство за наредниот месец, во зависност од здравствената систуација во општината и во училиштата. Пред да се достави барањето, потребано е училиштето да исполнува одредени услови предвидени од Комисијата за здравство за можноста за физичко присуство на учениците.   

„Соочени сме со нов предизвик поради ковидот, па мораме да се прилагодуваме. Пред почетокот сме на учебната година која треба да започне на 01-ви октомври и подготовките се во тек. Ние спорведовме анкета со родителите и ги прашавме дали се за физичко присуство на нивното дете во следење на наставата или за онлај настава.  75% од родителите чии деца учат во  СОУ Орде Чопела -Прилеп се изјаснија за следење на настава  со  физичко пирсуство.  Почитувјќи ги сите протоколи на влегување и престојувње во училиштето, мериње на температура при влез, задолжително носење на маски ,обезбедивме и соба за изолација доколку се јави некој лице со покачена температура,ни сме подготвени за почетокот на учебната година “- рече Анета Пееска дир. на СОУ Орде Чопела

Моментно наставниците се обучуваат  за користење на  Националната пратформа  која ја изработи ФИНКИ, по барање на Министервото за образовние , која би ја користеле наставнците и учениците за онлајн настава.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: