ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Фондот за иновации и технолошки развој ги предизвикува и наградува младите истражувачи од Пелагонија

871

Фондот за иновации и технолошки развој, објави јавен повик насловен како „Предизвик за млади истражувачи“ – до сите основци и средношколци во Пелагонискиот плански регион. Проектот, кој денеска беше промовиран во големата сала на Општина Прилеп се реализира во соработка со Министерството за образование и наука и сите општини од регионот.

 

Целта е поттикнување на креативно размислување, иновација и наука помеѓу учениците.
„ Овој предизвик го органзираме заедно со Министерството за образование и наука, со вкупен буџет од 1.500.000 денари. На овој јавен повик „Предизвик за млади истражувачи“, може да учествуваат проектни тимови составени од наставници и ученици од 1 до 2 наставника и од 3 до 7 ученици. Истражувачките проекти треба да се однесуваат на природните и техничките науки, да се основаат на научен метод, да вклучуваат формулација и потврда на хипотеза по пат на експеримент и набљудување. Очекуваме проекти кои ќе имаат видливи резултати. Во форма на истражувачки есеј, аудиовизуелен материјал, дигитален материјал и слично. Рокот за апликација на овој проект е до 15 февруари следната година, а аплицирањето започна на почетокот на декември“, вели Неда Икономова Гавриловска, претставник од Фондот за иновации и технолошки развој.
Првонаградениот проект ќе добие 300.000 денари, а ќе бидат наградени и наставниците кои се вклучени како лидери на тимовите. Програмата ќе се реализира во временски период од 6 месеци, а во изборот на најдобрите ќе се вклучи ресорното министерство, Фондот за иновации и технолошки развој, Бирото за развој на образованието и експерти од техничките и природните науки.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: