CSS Template

И, 15-тина прилепски фирми добиле државна помош, а не им исплатиле плати на вработените

1.031
Avtokontrol1

Владата го објави список на фирми кои примиле државна финансиска поддршка поради КОВИД 19, но на вработените не им исплатиле плати. Станува збор за над 700 компании што било утврдено дека не ја исполниле обврската да дадат минимални плати за април и мај.  УЈП нагласи дека голем дел, околу 3.750 од фирмите што добиле државни пари во овој период, им исплатиле по помалку од една минимална плата на вработените, додека некаде не стигнал ниту денар државна помош.

Меѓу овие фирми се наоѓаат и 15 прилепски  главно со по еден или двајца вработени,  кои не ја исполниле или делимично ја исполнили обрската кон вработените,иако дбиле финасиска помош од државата,  па нивните имиња, јавно, се најдоа на владиниот списокот.

На списокот е Пекара Клас, Увоз извос ДООЕЛ,  која се занимава со производство на прехрамбени производи ,со двајца вработени и добиена државна финансиска поддршка во висина од 29.000 ден; Мона Транс Увоз извос ДООЕЛ , чија дејност е копнен транспорт и цевовиден транспорт со еден вработени  која добила финансиска поддршка во висина од 14.500 ден; Консалтнин Зајкоска Т.П ,која се бави со останати стручни научни и технички дејноси ,со двајца вработени и државна финансиска поддршка во висина од 14.500 ден, АДИКА Качка Д.О.О. ПРИЛЕП ПРИЛЕП 01 Растително животинско производство лов и услужни дејности поврзани со нив,  со двајца вработени и државна финасика поддржка од  29,000 ден,ЈУВЕ-03 УВОЗ-ИЗВОЗ Д.О.О.Е.Л. ПРИЛЕП – Дејности за подготовка на оброци и служење на храна  со еден  вработен и добиена помош од 14,500 ден, ЛЕПТИР ТРАНС УВОЗ-ИЗВОЗ Д.О.О.Е.Л. ПРИЛЕП Копнен транспорт и цевоводен транспорт со со еден  вработен и добиена помош од  14,500 ден, БИМЕС ДАНИ УВОЗ-ИЗВОЗ Д.О.О.Е.Л. ПРИЛЕП , Трговија на мало освен трговија со моторни возила и мотоцикли со еден  вработен и добиена помош од 14,500 ден.,ПУРЧЕ 2013 УВОЗ-ИЗВОЗ Д,.О.О.Е.Л. ПРИЛЕП , Трговија на мало освен трговија со моторни возила и мотоцикли со еден  вработен и добиена помош од 14,500 ден.,БРЕНД ФУНГИ УВОЗ-ИЗВОЗ Д.О.О.Е.Л. ПРИЛЕП  со дејност Шумарство и искористување на шуми  со еден  вработен и добиена помош од 14,500 ден., ЕУРОПАНЕЛ УВОЗ-ИЗВОЗ Д.О.О.Е.Л. ПРИЛЕП  со дејност  Производство на фабрикувани метални производи освен машини и опрема со еден  вработен и добиена помош од 14,500 ден,ИСКРА ДАРКО ЃОРЃИЕСКИ УВОЗ-ИЗВОЗ Д.О.О.Е.Л. ПРИЛЕП ПРИЛЕП 43 Специјализирани градежни дејности  со еден  вработен и добиена помош од 14,500 ден.,СРКЕ-ПРОМ УВОЗ-ИЗВОЗ П.О. С.ГОЛЕМО КОЊАРИ ПРИЛЕП ПРИЛЕП ,чија дејност е Копнен транспорт и цевоводен транспорт со двајца  вработени и добиена државна помош од 14,500 ден.,КАЈ БОГЕ Т.П. УГОСТИТЕЛ БОГЕ ЃОРЃИОСКИ ПРИЛЕП, Дејности за подготовка на оброци и служење на храна со еден двајца вработени  и добиена помош од 14,500 ден.,КРИН-ПРОИЗВОДСТВО УВОЗ-ИЗВОЗ Д.О.О. С.БЕРОВЦИ ПРИЛЕП ПРИЛЕП 23 Производство на други неметални минерални производи со 22  вработени  и државна поддршка  во висина од 261,000 ден

Инаку, државата исплати околу 79 милиони евра на околу 20.000 македонски компании за над 10.000 вработени, но според УЈП околу 2 милиони не стигнале до вработените, односно нецелосна била исплатата на отприлика секоја седма помогната фирма.

Од Владата најавија дека ќе побараат од Обвинителството покренување постапка за утврдување кривична одговорност против одговорните лица во компаниите.

semm