ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

До каде се градежните работи на делницата Фариш – Дреново?!

1.091

Увид во градежните работи  на регионалниот пат Раец – Фариш денеска  извршија Mинистерот за транспорт и врски, Горан Сугарески и директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов. Станува збор за инвестицијата со вредност од 1,5 милион евра.

Според зборовите на министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, градежните работи се одвиваат со засилено темпо и се очекува рехабилитацијата на патот и мостовите на патниот правец Фариш – Дреново да биде завршена во текот на следниот месец.

„Оваа делница е од големо значење за Прилеп, Битола, Ресен и за целиот централен дел на земјата. Оваа есен продолжуваме со рехабилитација на делот од Фаришка клисура комплетно до Прилеп со изградба на трета лента онаму каде што недостига, со што целата патна врска од Градско до Прилеп наскоро ќе биде рехабилитирана. Предвидени се уште многу други проекти во делот на патната инфраструктура, со силно темпо работиме на изградба на магистралниот гасовод Неготино-Кавадарци-Прилеп-Битола, а исто така градиме и реконструираме водови и канализации низ повеќе населени места во регионот“, -нагласи Сугарески.

Директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов, истакна дека за речиси една година целосно ќе биде рехабилитиран и реконструиран патниот правец од Фариш кон Прилеп.

„Секаде каде што се две ленти, ќе има изградба на трета лента. Тендерот за реконструкција на патниот правец Фариш – Прилеп е завршен и набргу ќе поче да се работи. За рок од една година, целосно ќе биде рехабилитиран и реконструиран патот од тука до Прилеп и по целата должина ќе биде со три ленти. Во тек е изградбата на експресниот пат Градско – Дреново, за десетина дена го објавуваме новиот тендер за доизградба на експресниот пат од Фариш до Дреново и веднаш потоа ќе почнат градежните работи“, изјави директорот Китанов.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: