CSS Template

Најлесниот начин за подготoвка на слатко од дуњи

Слатко од дуњи

560
Avtokontrol1

Секогаш е проблем кога треба да се чистат дуњите. А,слаткотo е тoлку вкусно. Ова е рецепт од мојата пријателка од Хрватска, а Радио Пела го споделува со вас.

Лесна,  брза, едноставна и слатка подготовка на слатко од дуњи

– Верувајте ни  и  ПРОБАЈТЕ! –

1. Дуњите се вагаат пред и по чистење. Имам само 7 парчиња и тежат 2,8.кг. Кога ги исчистив тежеа 1,4 кг, исечени во коцкички и подготвени за варење.

2. Дуњите се мијат со чисто сунѓерче за тањири, за да се измие сета нечистотија од нив (така брзо ќе ги измиете).Ставете ги во поголемо тенџере и турете ладна вода.Штом водата ќе почне да врие, веднаш,извадете ги со решеткаста лажица и прелејте ги со ладна вода. Нека останат да се изладат 5 до 8 мин. И потоа излупете ги (како компир) и исчистете ги од сите нечистотии.( Ова е лесно за чистење)

3. Исчистените дуњи исечете ги на коцки (може да се изрендаат, но поубави се на коцки) измерете ги колку тежат. По принцип, колку дуњи, толку шеќер. Ставете го шеќерот во тенџере и само прелејте со вода. Оставете го да зоврие 10 мин и турете ги дуњите.

4. Савете ги дуњите во шеќерниот сируп и варете без многу мешање 10 до 15 мин. Во меѓувреме, отстранувајте ја белата пења која се создава при варењето. Потоа тргнете го од огнот тенџерето, па додајте кришки лимон. Штом малку се олади се става во тегли.

На здравје слаткото!

semm
Vivafarm
Farma Dolneni