CSS Template

Уште неколку денови за пријави за субвенции за предадено млеко во подрачните единици на МЗШВ

363
Avtokontrol1

Според Програмата за финансиска поддрка во земјоделството, сточарите деновиве треба да достават апликации за субвенционирање на млекопроизводство. Станува збор за пријави во делот на финансиската поддршка за произведено и продадено овчо, козјо и кравјо млеко од мај до септември 2017-та година.

Висината на поддршката е 3,5 денари за еден литар. Барањата се поднесуваат по електронски пат до 5-ти ноември во подрачните единици на Министерството каде што е регистрирано земјоделското стопанство или фармата.

Во овој рок се поднесуваат и барањата за финансиска поддршка во живинарството за несилки набавени исто така од мај до септември годинава.

За секоја купена несилка за производство на јајца ќе се добиваат по 100 денари.

semm
Vivafarm
Farma Dolneni