CSS Template

Детската градинка Весело штркче го прослави третиот роденден

371
Avtokontrol1

Детската градинка ,,Весело штркче” од Кривогаштани денеска прослави мал јубилеј – три години од своето постоење. Имено,  на 4-ти ноември 2014 година започна оваа успешна приказна за згрижување на најмалите жители на општината. Во оваа претшколска установа најмладите добија можност да стекнуваат нови знаења уште од најрана возраст.

Градоначалникот на општина Кривогаштани Рубинчо Шефтероски денеска присуствуваше на роденденската прослава. На мала свеченост заедно дечињата и вработените го прославија третиот роденден на градинката, при што градоначалникот Шетероски им посака уште многу години успешно работење преку заеднички дружби и нови образовни искуства.

semm
Vivafarm
Farma Dolneni