CSS Template

Гентерм за идната година најавува нови 500 вработувања

295

Моменталната состојба на компанијата Гентерм и менаџерските идни развојни планови беа тема на работната средба во кабинетот на Градоначалникот на Општина Прилеп. Јованоски оствари работна средба со генералниот менаџер на компанијата „Гентерм“, Андреј Хасинец, на која беше најавено продолжување на реализацијата на долгорочните планови на Гентерм. Од страна на градоначалникот Јованоски беше потенцирано дека Општина Прилеп во идина ќе даде максимална поддршка за сите развојни планови на компанијата.

Имено, како што беше речено на средбата, компанијата планира до крајот на 2018 година да вработи нови 500 лица. Но, до крајот на 2020 и почеток на 2021 година менаџментот планира бројот на вработени во „Гентерм“ да продолжи со пораст, така што финалната бројка на работно ангажирани лица треба да достигне до 2.300 вработени.

Во „Гентерм“ во моментов работат 1.270 вработени, а поголем дел од нив се жени.

Работните објекти се простираат на површина од 10.000 м2. Проекциите на компанијата се во перспектива да се изградат нови хали, со што капацитетот на фабриката ќе се удвои на 22.000 метри квадратни.

semm
Vivafarm
Farma Dolneni