CSS Template

Граѓаните да ги подигнат решенијата за данок на имот и комунална такса за 2017 година

225
Avtokontrol1

Одделението за администрирање приходи при Општина Прилеп ги информира сите физички и правни лица – даночни обврзници по основ на данок на имот и комунална такса, а на кои што не им било доставено или по кој било кој основ не добиле решение со соодветно задолжување за 2017 година, тоа да го направат во наредните 15 дена.
Граѓаните своите решенија за данок на имот и комунална такса можат да ги подигнат секој работен ден во просториите на Одделението за администрирање на приходи, што се наоѓа на ул. „Прилепски бранители“ бр.10, наспроти поштата.
Со објавување на соопштението од страна на Оделението за администрирање приходи, доставата на решенијата се смета за уредна и сите негативни последици што можат да настанат од неподигање на решението, паѓаат на товар на граѓаните.
Од Одделението ги известуваат граѓаните дека е потребно да ги намират своите даночни обврски по основ на данок на имот и комунална такса заклучно со 2016 година.

semm
Farma Dolneni
Vivafarm