CSS Template

Македонец – снимател награден за својата работа во Австралија

328

Беби Зекировски од Битола кој живее и работи во Сиднеј доби награда -бронзен медал од австралиската асоцијација на сниматели.
Австралиската асоцијација на сниматели секоја година одржува натпревар за најдобар камерман на кој учество земаат најголемите филмски уметници од Австралија и ширум светот. Наградата му беше доделена за краткометражниот филм Non white -приказна за апартхејдот во Јужна Африка
Беби Зекировски е познат во македонската заедница, а и во австралиските филмски кругови како организатор на Македонскиот филмски фестивал. Воедно, тој е енергичен и страстен снимател, фотограф и продуцент на филм и телевизија со повеќе од 10 години искуство. Зекировски има солидна репутација како искусен, инспиративен и уверен лидер. Во последните 10 години работел на голем број проекти кои беа емитувани на националните телевизии во Австралија, а со својата работа бил дел од филмските фестивали и фото галерии. Зекировски работел со клиенти од највисок ранг на светската сцена како Ким и Клои Кардишијан, Снуп Дог и други.

semm
Vivafarm
Farma Dolneni