CSS Template

За нормално функционирање на Платежната агенција и се потребни дополнителни 69 вработувања

342

Платежната агенција (Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој) има потреба од нови вработувања со цел да се доекипира со потребните кадри за нормално и навремено извршување на работните задачи. Ова било заклучено на работниот состанок во просториите на Агенцијата за финансиска поддршка со ресорниот министер Љупчо Николовски, В.Д. директорот на Агенцијата за финансиска поддршка Николче Бабовски, како и раководителите на секторите во Агенцијата.
Кадровското екипирање на Агенцијата е важно за имплементација на мерките од Националните програми за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, како и за ефикасно искористување на финанасиските средства од европската ИПАРД Програма.

„Веќе се создадени услови за веднаш да се започне со вработувања во Платежната агенција, и процесот ќе се одвива етапно. За да се реши овој проблем со дефицит на човечки ресурси, потребни се измени на Закон за Платежна агенција, на што забрзано се работи. Токму во однос на кадровската екипираност во Агенцијата, преку која се спроведуваат и мерките од европската ИПАРД Програма, имаше директни и недвосмислени укажувања и од Брисел“, потенцира министерот Николовски.

Директорот на Платежната Аагенција, Бабовски посочи дека Агенцијата бара нови 69 вработувања и 29 унапредувања на постоечкиот кадар.

„За само два и пол месеци од Платежната агенција поради ниски плати си заминаа пет висококвалификувани кадри. Во Агенцијата има професионалци кои се уште се со статус помлади соработници, и изминативе години воопшто не биле унапредени. Тоа мора да се промени, затоа што функционирањето на оваа Агенција е важно за реализацијата на субвенциите од нашите Програми, но и за искористување на европските фондови“, изјави директорот Бабовски.

На денешната средба Николовски и Бабовски посочија дека освен проблемите со кадровското екипирање на Агенцијата, застој има и кај проектите за кои конкурираа за проекти.

semm
Farma Dolneni
Vivafarm