CSS Template

Саем за вработување и кариера

Одржливи модели за врабтување на Ромите

443

Во рамки на проектот „Одржливи модели за вработување на Ромите”, „Хабитат Македонија“, заедно со невладините организации ДРОМ од Куманово и „Креација“ од Скопје во Прилеп го одржа „Саемот за вработување и кариера“. Со овој проект на 20 припадници од ромската националност од Прилеп им беа врачени сертификати за завршени обуки за 4 градежни дејности.

Мухрем Мамедов е еден од граѓаните што добија сертификати. Тој се надева дека конечно ќе најде работа. „Јас се одлучив да ја посетувам обуката за изработка на ПВЦ дограма. Обуката одеше одлично и сè беше во ред. Се надевам дека со овој сертификат ќе добијам некаква работа, затоа што досега бев невработен. Мислам дека изработката на ПВЦ дограма моментално е барана работа на пазарот на труд“, изјави Мамедов.

„На овој Саем за вработување и кариера доделуваме сертификати за 4 градежни вештини, ѕидарство-фасадерство, гипсарство и ПВЦ монтажа на прозорци и врати. Со овој проект со вештини се стекнаа 80 лица во Прилеп и Куманово, а денеска 20 од нив, во Прилеп добиваат сертификат за положен стручен испит. На почетокот се отвори јавен повик, имавме јавни средби со лицата заинтересирани за проектот, им го кажавме моделот и заинтересираноста беше огромна. Првично проектот беше отворен за долгорочно невраборените Роми“, изјави Александра Савеска, проектен кординатор на „Хабитат Македонија“.
Градоначалниот на Прилеп, Илија Јованоски, истакна дека Општина Прилеп ќе застане зад сите овие проекти, коишто даваат поддршка за подобрување образованието и вработувањето на Ромите.
Целта на овој проект е одржливо интегрирање на пазарот на трудот на Ромите, но и другите социјално ранливи категории граѓани, што подолг период не се вработени.Проект е финансиран од  Европската унија

semm
Vivafarm
Farma Dolneni