CSS Template

Од деца за деца – новогодишна донација за сите ученици од ООУ „Круме Волнароски“ с.Тополчани

319
Avtokontrol1

Новогодишните празнувања се секогаш повод за хуманитарни и донаторски акции. Една таква активност се реализираше во ООУ „Круме Волнароски“ иницирана од хуманитарната организација „АДРА-МАКЕДОНИЈА“. Донација од пакетчиња за ученици од деца. Повод – новогодишните празници и празникот Свети Никола при што 191 ученик ООУ „Круме Волнароски“ од н.м. Тополчани добија донација на новогодишни пакетчиња.

Освен за учениците од централното училиште пакетчиња им беа поделени и на учениците од 8-те подрачни училишта на ООУ Круме Волнароски во населените места Чепигово, Клепач, Загорани, Алинци, Галичани, Беровци, Ново Лагово и Старо Лагово.

Оваа хуманитарна акција веќе втора година по ред ја организира хуманитарната организација „АДРА-МАКЕДОНИЈА“, под мотото„Од деца за деца“.

semm
Vivafarm
Farma Dolneni