CSS Template

Две третини од годинешната тутунска реколта е откупена

384

Откупот на тутунот се одвива без проблеми. Откупната кампања се наоѓа во својата завршница и според претседателот на Сојузот на тутунски здруженија Кире Неделковски, досега во рамките од вториот месец од стартот, тутунарите не пријавиле никакви забелешки за текот на купопродажбата.

– Досега, на територија на цела Македонија откупени се вкупно 17 милиони килограми по просечна цена од 208 денари за килограм. Според најавите, за откуп остануваат уште вкупно од 4 и пол до 5 милиони килограми, вели во телефонски разговор за Радио Пела, Неделковски.
Тој потенцира дека 90 отсто во источниот дел од земјава откупот е завршен и најголемиот дел од преостанатите количества тутун за преземање се наоѓаат во Пелагонија. Исплатата на преземениот тутун се одвива без застој од 3 до 7 работни дена од предавањето на производството.

Проценките се дека очекуваните количества од годинешната тутунска реколта ќе изнесуваат до 22 милиони килограми. Во откупот на тутунот вклучени се вкупно 9 компании. Според законските регулативи откупот на тутунот треба да заврши заклучно со 15 ти март.

semm
Farma Dolneni
Vivafarm