CSS Template

Изложбата „Ликовни записи, акрил, мотиви, од река „Црна“ – „Вардар“

НЦК „Марко Цепенков“ Прилеп

463
Avtokontrol1

Во среда, 27 декември 2017г. во 12.00 часот во галеријата„Борко Лазески“ во ЦК„Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата „Ликовни записи, акрил, мотиви, од река „Црна“ – „Вардар“ и “ Стоби“ од Драган Верговски – Алпи. Уметникот ќе се претставува со дела кои се создадени во период од мај до октомври 2017 година.

-Изложбата е посветена на мојот професор Борко Лазески, каде што ги научив ликовните техники.  Делата се работени на локалитетот „Стоби“ кој што се наоѓа поmеѓу двете најголеми реки во Македонија, Вардар и Црна река. Работени се во слободното време, додека главна преокупација ми беше реставрација и конзервација во крстилницата, на подниот мозаик во античкиот локалитет – вели авторот.

 

            Податоци за авторот

 

Драган Верговски Алпи  завршил ФЛУ Скопје, во класата на проф. Димитар Кондовски. Пензионер советник конзерватор. Реализирал повеќе самостојни и групни изложби во земјата и во странство. Член на ДЛУМ, а долги години работел на конезрвации на фрескоживописи по македонските цркви.

 

semm
Farma Dolneni
Vivafarm