CSS Template

(фото) Екипата на „Марфил“ е победник на светиниколскиот турнир во мал фудбал

Заврши светиниколскиот турнир

599

Екипата на „Марфил“ е победник на светиниколскиот турнир во мал фудбал кој изминативе 16 денови се одржуваше во Прилеп. „Марфил“ во вечерашното финале со 1 : 0 ја победи екипата на „Зоки 2006“ од Куманово,Исот така, Драган Петровиќ Од „Марфил“ беше прогласен  за најдобар играч на целиот турнир

Наградите на турнирот ги подели градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски.

Екипата на „Волци“ со 4 : 2 ја победи екипата на „Мите Транс“ и го освоија третото место на турнирот.

Трите екипи добија и паричнии награди, првото место освои 160.000 денари, второто 90.000 и третото 60.000 денари. За најдобар стрелец на турнирот беше прогласен Јорданчо Наумоски од екипата која заврши на четвртото место „Мите Транс“.

Кај ветераните победник беше екипата на „Златна рака“ која својата парична награда од 20.000 денари ја донираше за Општата болниица „Борка Талески“ од Прилеп.

А,во Пионерите “Фудбалска школа Тони“

Градоначалникот Јованоски се заблагодари за одличната организација на „Локалниот спортски сојуз“ и компанијата „Комфи Ангел“.

Овој турнир имаше хуманитарен карактер.Сите собрани средства ќе бидат наменети за изградба на Центарот за деца заболени од церебрална парализа.

Организаторите на овој настан ветија ветија уште подобра организација, забава и дружење идната година.

 

semm
Vivafarm
Farma Dolneni