CSS Template

Прилеп останува ракометен расадник

Новости и новини за ЕП во ракомет-мажи

694

За неколку дена почнува ракометното ЕП во Хрватска за мажи. Мали сознанија и новини за ЕП (пр . видеотехнологија и во ракометот), а  повод и причина за разговор- има ли Прилеп ракометни таленти?! 

Ангелски, Ѓероски, Нешкоски, Алексоски, Илиеснки, Свтинов, Крстески, Јосески, Боцески, Тодевски, Ивчевски …се само дел од имињата на младите од кадетска ракометна екипа на РК „Прилеп„ предводена од Адријано Котевски.

Кадетската екипа на РК „Прилеп“ се натпреварува во втрата група ,во кадетското првенство  за мажи во организација на РФМ . Во есенскиот дел овие млади момчиња го освоија второто место, со еден пораз од Струга и со шест победи. Кадетската лига мажи – втора група брои 8 екипи.

Р.П :  Заврши полусезоната за кадете на РК Прилеп. Второто место,  18-сет поени, од вкупно 21-ен,  само говорат дека не е недостижна првата позиција на табелата во пролетниот дел. Но, она што е интересно е тоа што овие млади рекометари се заедно само неколку месеци, а победуваат се пред себе.

Адријано Котевски : Екипата е составена од играчи  родени 2001 /2003 . Заедно сме  од оваа есенска полусезона, само неколку месеци,  и е навистина  релативно краток период за да се создаде еден компактенн тим. Но, овие момчиња одвојуваат дел од своето слобоно време и упорно тренираат со единствна цел што повеќе да ги научат тајните на ракометниот спорт. Со голем енузијазами  и со постојано заедничко ангажирање тие даваат максимално се од себе, кога е во прашање тренингот, а уште повеќе кога доаѓаат натпреварите. Најтежок натпревар оваа полусезона ни беше оној со екипата „Макалоски’ каде во последните секунди се реши победникот и јас сум горд на овие момчиња  кои несебично го трошат своето време за да го научат ракометот и во иднина да бидат дел од првиот тим.

Р.П: Има ли Прилеп ракометни таленти? Како можат тие да се создадат?

Адријано Котевски : Несомнено Прилеп е расадник за ракометни таленти, само потребно е малку поголемо внимание да им се посвети на  помалите ракометни генерации, за да можат да напредуваат. Потреби се услови за работа,потребен е ангажман на тренерите, но важно е да имаат простор и насока кон кои ќе се стремат, а тоа е  да станат дел од првиот тим. Таа пирамида во еден клуб мора да се одржува и да постои,што говори дека мораме да вложуваме во младите .

Ние трениераме и се натпреваруваме во салата на СОУ „Р.Р Ричко“, каде имаме одлични усови за работа ,благодарени на разбирањето на директорката. Но, ова е добар повод за апел до сите кои му мислат добор на прилепскиот ракомет да вложат поголеми напори, за тој да се одржува овој спорт успешно ,бидјеќи во оваа екипа,т врдам, дека се новите Нешкоски, Илиески, Кузманоски, Бозароски, Димоски,Соколоски….Мора да се инвестира во младите ако сакаме успешен прв тим,ако сакаме Прилеп да го носи епитетот раометен град!

Р.П Што е важно да знаат младите ракометари? Кој е мотивот да останат во ракометот?

Адријано Котевски :Како тренер се трудам да ги научам да почитуваа и да веруваа во себе. Ракометот е колктивна игра и тука тимот победува. И, тоа е основата на колктивниот спортот –  меѓусебната соработка и почитување  носи подобри резултати. Ракометот,како спорт, учи на одговорност, навременост, дисциплинираност, колективност, разбирање и почитување на другите. Во него успеваат само оние најупорните, највредните и оние кои имаат цел.Тоа е и природната селекција на спортиците А, цел е да достигне врвот –  да се биде препознатливи како одличен спортист и примерен и успешен ракометар.

Европско првенство во ракомет, во Хрватска, (12-28 јануари 2018)

Ракометот веќе со години е меѓу најпопуларните спортови во Македонија. На 12 јаунари започнува  Европско првенство во ракомет, во Хрватска,каде најдобрите македонски ракометари ќе ги бранат боите на Македонија.

 

Македонија – Словенија на 13 – ти јануари

Првотот натпревар за македонските ракометни репрезентавци е на 13-ти јануари, сабота, со екипата на Словенија. Напреварот ќе се одигра со почеток  од 19,30 часот. Црвено-жолтите  играат во групата Ц, заедно со актуелниот европски првак Германија, бронзената од последното Светско првенство (СП), Словенија и со селекцијата на Црна Гора. Во 1-то коло на ЕП, противник на македонските ракометари ќе им биде Словенија (сабота, 19.30 ч.), во вториот меч (понеделник, 20.30 ч.), ќе се сретнат со Црна Гора, а во последниот меч од групната фаза (среда, 18.15 ч.), за противник ќе ја имаат Германија.  

     Револуција на ЕП во Хрватска: Видеотехнологија во ракометот!

 На претстојното Европско првенство во ракомет, во Хрватска, за прв пат судиите ќе ја имаат помошта на видеотехнологијата.Следејќи го примерот на другите спортови, судиите на првенството, кое ќе почне на 12 јануари, ќе можат да ја користат видеотехнолигијата при проценката на сомнителните ситуации

semm
Farma Dolneni
Vivafarm