CSS Template

Мала Преспа во Албанија ќе се ревитализира со 3,5 милиони евра грант од германската банка КФВ

319
Avtokontrol1

Фонд од 3,5 милиони евра ќе биде искористен од албанската влада за целосна ревитализација на Преспанско Езеро и неговата околина. Проектот е објавен во службен весник, а се очекува да почне да се реализира набрзо. Средствата се грант добиен од германската КФВ банка а ќе бидат насочени за заштита и одржување на биодиверзитетот во ова подрачје, како и за подобрување на условите за живот на населението кое живее во подрачјето на Националниот парк „Преспа“ и околината.
Од инвестицијата директни придобивки ќе имаат околу 5.700 жители, етнички Македонци на Општина Пустец, област Мала Преспа, која опфаќа десеттина села, покрај југозападниот дел на Преспанско Езеро. Со реализација на проектот ќе се придонесе во унапредувањето на ова подрачје како туристичка атракција,бидејќи од година во година станува се поинтересна како за домашни,така и за странски турсти.

Извор: Весник „Илинден“ – Македонско друштво „Илинден“ – Тирана

semm
Farma Dolneni
Vivafarm