CSS Template

Движењето „Ние сме Македонија“со протести во повеќе градови во светот

385
Avtokontrol1

Во многу градови низ светот, Македонците под мотото „НИЕ СМЕ МАКЕДОНИЈА“ излегоа на протести. Викендов, протестите започнаа во Нов Зеланд и Израел, а продолжија и во повеќе европски градови и тоа во градот Асти – Италија, во Женева – Швајцарија, во Париз – Франција. Во Берлин – Германија протестот заврши со марш до канцеларијата на канцеларката Меркел, а демонстрантите од германската влада и од меѓународната заедница бараaт да се почитува резолуцијата на ОН, пресудата на Меѓународниот суд во Хаг и правилата на Европската Унија. Протести се одржаа и во Лондон пред просториите на Европската комисија, за утре најавуваат собир и Македонците во Малта.

Поддржувачите на движењето Македонците во Австралија, во Мелбурн и во Сиднеј најавуваат народни собранија за в понеделник, 29 јануари. Македонците во Торонто ќе протестираат на 4 февруари. Протестите организирани од повеќе патриотски здруженија во земјите каде што тие делуваат започнаа насекаде со интонирањето на македонската химна, а потоа со читање на декларацијата на Движењето „Ние сме Македонија“ во која меѓу другото се вели дека: Македонците во светот најостро ги осудуваат тековните разговори со Грција околу името на Република Македонија; неодговорниот и незаконски чин на пратениците во Собранието со изгласувањето на неуставниот закон за јазици како и разнебитувањето на унитарноста и суверенитетот на матичната држава.

При тоа, од Движењето „Ние сме Македонија“ бараат итен прекин на разговорите околу името на државата; ставање вето од страна на Претседателот на државата на противуставниот закон за јазици, организирање попис под мониторинг на реномирана меѓународна организација; не -менување на историјата на Македонија, статутот на МПЦ – ОА и интензивирање на грижата за Македонците во соседните држави. Доколку Владата на Република Македонија не е способна да ги реализира наведените барања, тогаш од движењето повикуваат на итно самораспуштање на Собранието на Република Македонија и организирање на непосредни избори. Движењето „Ние Сме Македонија“ го сочинуваат македонски организации и здруженија од светот, кои се залагаат за спречување на како што велат во декларацијата – најголемото разбитување на Македонскиот народ и понатомашното уништување на унитарноста на државата.

semm
Vivafarm
Farma Dolneni