CSS Template

Протести на Македонците во Канбера, Австралија

363
Avtokontrol1

Македонската заедница во Австралија одржа протест пред македонската амбасада во Канбера. Над 5 илјади Македонци од сите краишта на Австралија беа обединети со една мисла – одбрана на уставното име унитарноста на Македонија и македонската нација. Тие од протестот упатија писмо до македонската амбасада во Канбера преку кое бараат самораспуштање на Собранието и распишување на вонредни парламентарни избори. Во писмото меѓу другото се вели:
„Ние, Македонците во Австралија, сме обединети и единствени во одбрана на името на државата Македонија и идентитетот на македонската нација!
Го отфрламе законот за употреба на јазиците со кој се редефинира државноста и унитарноста на Македонија, се воведува двојазичност на целата територија и во меѓународните односи на Македонија, и се дискриминираат малцинските етнички заедници во еднаквоста пред Уставот и законите.
Ја повикуваме Владата безусловно да го повлече законот за употреба на јазиците и да го врати на јавна дискусија и стручна валоризација. Ги повикуваме пратениците да не го усвојат Законот за употреба на јазиците при повторното разгледување.
Ние, Македонците во Австралија, го отфрламе Договорот меѓу Македонија и Бугарија склучен на 1 август 2017 година во Скопје, со којшто Владата се согласи на ревизија на македонската историја и се откажа од македонскиот јазик и од Македонците во Бугарија! Сѐ додека за Софија, Македонија е дел од Бугарија, Македонците се Бугари, а Македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот јазик, сметаме дека Договорот со Бугарија претставува велепредавство на нацијата и државата!
Бараме претседателот на Републиката да не го потпише указот за прогласување на законот за ратификација на Договорот меѓу Македонија и Бугарија, бидејќи не е во согласност со Уставот на Република Македонија.

 

Ние, Македонците во Австралија, отфрламе референдум, промена на Уставот и ратификација на меѓународен договор со цел промена на името на државата и идентитетот на нацијата“, се вели меѓу другото во писмото.
Македонската заедница е против промената на името на државата и идентитетот на нацијата не претставува демократија, слобода на мислата и нејзино јавно изразување туку прекршување на Уставот на Македонија и меѓународното право. Инаку, протестите во Канбера се дел од движењето „Ние сме Македонија“ која од почетокот на годинава секој викенд се организираат во различни градови од светот каде има Македонци. Голем протестен митинг од македонската заедница во Австралија е најавен за 4 март во Мелбурн и Сиднеј.

 

 

semm
Farma Dolneni
Vivafarm