CSS Template

Oдбележана 74-та годишнина од смртта на народниот херој, Кузман Јосифоски-Питу

373

Денеска, прилепската организација на Сојузот на борци и подржувачи на НОБ, заедно со  СОУ „Кузман Јосифоски – Питу“ – Прилеп  ја одбележаа 74-та годишнина од смртта на народниот херој, Кузман Јосифоски-Питу, еден од организаторите на антифашистичкото движење. Делегации од Општина Прилеп, Сојузот на
борци, СОУ „Кузман Јосифоски – Питу“, здруженија и граѓани денеска
положија свежо цвеќе пред спомен бистата во Алејата на народните херои и
пред споменикот на Кузман Јосифоски – Питу во центарот на градот.

А, на пладне се одржа Свечена академија во театарот „Војдан Чернодрински“.

Со осврт кон богатата револуционерна биографија на херојот, со рецитал и
песни, учениците и професорите на економското училиште во Прилеп, на оваа
свечена академија му оддадоа достојна почит на првоборецот Кузман
Јосифоски-Питу. Акцент беше ставен на периодот од студентските денови, на
неговата посветеност и заложба за идејата за подобар живот на македонскиот
народ.

Во рамки на одбележувањето на партониот празник, училиштето беше организатор
и на меѓу училишни спортски натпревари и литературно читање за младите
поети и писатели.

semm
Vivafarm
Farma Dolneni