CSS Template

Работниците од Еурокомпозит продолжуваат со блокади и протести

375

По неколкудневни договори во кругот на вработените од компанијата, мнозинството работници одлучи да не ги прифатат условите понудени од вицепремиерот Кочо Анѓушев на последната средба остварена во петокот, минатата недела.
– Вработените денеска донесоа одлука протестите да продолжат и со тоа да ги отфлиме истите услови понудени и на оваа средба од вицепремиерот Анѓушев: исплата на една плата и рок од 6 месеци за трајно решавање на статусот со Еурокомпозит. Нашите барања се јасни итно подмирување на две плати, а проблемот со компанијата исто така веднаш да се решава. Утре повторно излегуваме на протести со двочасовна блокада од 12 до 14 часот на магистралниот пат Прилеп – Градско кај Заполшки мост, вели претседателот на синдикалната организација Роберт Богданоски.
Состојбата во Еурокомпозит во неколку наврати беше предмет на разгледување во Владата, а претставници од синдикалната организација досега 3 пати преговораа со највисоките владини претставници – премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.
Работниците се наоѓаат во крајно незавидна состојба – непојмлива за една компанија во државна сопственост. Немаат подмирени придонеси за пензиско осигурување за последните 6 години, немаат здравствено осигурување, не земаат редовна плата, а работат без вода во крајно лоши услови во фабриката.

semm
Vivafarm
Farma Dolneni