CSS Template

Шкендија – Победа 3:0

322

Лидерот на табелата Шкендија, без поголеми проблеми славеше против прилепска Победа во воведниот меч од 22-то коло од Македонската лига.
Шкендија одлично го отвори мечот и поведе уште во 9-та минута преку Марјан Радевски, а до полувремето Емани погоди за сигурна предност на тимот од Тетово.
Второто полувреме почна одлично за домаќините кои постигнаа и трет гол преку Муслиу, што на крајот се покажа и како конечен резултат.
Со оваа победа, Шкендија во моментов има 14 бода предност во однос на второпласираниот Вардар, кој според најавите утре против Силекс ќе настапи со младински состав како знак на бојкот и незадоволство од одлуката на ФФМ да ја помилува Шкендија за прекршеното правило за младински фудбалер на мечот со Академија Пандев.

semm
Farma Dolneni
Vivafarm