CSS Template

РК Прилеп поразен од Вардар Јуниор

337

Ракометарите на Прилеп полека влегуваат во форма, но патеката по која чекорат е тешка. По водството од првите десетина минути, Вардар Јуниор ја презеде иницијативата и полувремето заврши со 15:16. Второто полувреме не донесе ништо ново за прилепчани на теренот, а разликата само се зголемуваше до 17:26. Очигледната висока предност беше причина за ослободување од притисокот на теренот на гостите, па така се дојде и до крајниот резултат 28:32.

ПРИЛЕП – ВАРДАР ЈУНИОР
Сала: Р. Р. Ричко во Прилеп. Гледачи: 300. Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола. Делегат: Јово Василев од Битола.
ПРИЛЕП: Ангелески, Ивчески, Амзоски 5, Нешкоски 2, Алексоски, Илиески, Јанески 7, Сврпинов, Стојаноски 1, Галев, Шокоски 3, Симоноски, Крстески, Трајкоски, Тинтор 2, Тодески 8.
Седмерци: 3/4, Исклучувања: 10 мин.
ВАРДАР ЈУНИОР: Н. Кизиќ, М. Кизиќ, Петковски, Димов 7, Чакалиќ, Крстевски 1, Анастасовски 2, Мишевски, Трајковски, Димитров, Трпчевски 11, Николовски, Димитровски 10, Кукуловски, Атанасовски, Цветаноски.
Седмерци: 6/6, Исклучувања: 18 мин.

semm
Farma Dolneni
Vivafarm