CSS Template

Спортска сала и стипендии за учениците во Канатларци, донации од Република Турција

351
Avtokontrol1

Амбасадорката на Република Турција во Македонија, Тулин Еркал Кара при посетата на Канатларци вети дека за два месеца треба да почне изградбата на спортска сала во ОУ „Кирил и Методиј“. Туската помош се однесува и на доделување стипендии и донации во книги и други наставни средства.
– На овие ученици овде им ветив изградба на спортска сала. Овде со нас е и ректорот на Меѓународниот балкански универзитет. Тој вети дека за пет ученици ќе обезбеди целосна стипендија, за да може да студираат бесплатно на Универзитетот во Скопје. Исто така, турскиот културен центар ќе донира книги и друг наставен прибор за подобро образование на овие дечиња, вети амбасадорката Еркал Кара при посетата на Канатларци.
Директорот на училиштето Бајрам Јусуфоски изрази благодарност за донациите од турската влада.
„Канатларци е пример за соживот. Овде живеат и Турци и Македонци, со векови заедно, во меѓусебно разбирање и толеранција, двата јазика им се блиски на сите жители, а во училиштето се учи на двата јазика, македонски и турски, едноставно нема меѓучовечки бариери, туку соработка и поддршка“, истакна директорот Јусуфоски.
Членовите во делгацијата со амбасадорката Еркал Кара беа восхитени од населеното место Канатларци.
„Често слушав за ова прекрасно село. Тука живеат наши сонародници заедно во пријателство со Македонците и се образуваат на своите мајчини јазици. Горди сме, поради тоа. Посебно сум горд што во едно вакво населено место се негуваат традициите“, истакна Шемсетин Шекер, директор на турскиот културен центар „Јунус Емре“.
Делегацијата предводена од амбасадорката Еркал Кара денеска беше во посета и на Битола, по повод одбележувањето на 119 години од дипломирањето на Мустафа Кемал Ататурк.

semm
Farma Dolneni
Vivafarm