CSS Template

Во Прилеп протест против двојазичноста

312

На пладне денеска започна протестот во Прилеп против Законот за јазиците. Блокирана беше главната крстосница на булеварот „Гоце Делчев“ и искажани беа пораките со кои присутните побараа претседателот Ѓорѓе Иванов да не го потпишува указот за законот кој е изгласан во Собранието, но и итно да се спроведе попис на населението во државата.
Веќе неколку денови прилепчани протестираат во центарот на градот со цел да предизвикаат внимание против актуелните случувања поврзани со Законот за јазиците, но и преговорите околу спорот за името со јужниот сосед.
Синоќа граѓаните протестираа пред домовите на двајцата пратеници од СДСМ од Прилеп, кои го дадоа својот глас -за- Законот за јазици. Граѓанските протести се организираат преку социјалните мрежи, а според неофицијални информации ќе продолжат и наредните денови.

semm
Farma Dolneni
Vivafarm