CSS Template

Колку снегот и ниските температури ќе им наштетат на земјоделските култури?

321

 Kритичните температури кои можат да им наштетат на овошките:

Во Пелагонија на мерниците станици на УХМР во Прилеп, Битола и Тополчани снежната покривка на првиот ден од најавуваното заладување изнесува 1 сантиметар. Метеоролозите најавуваа и наредниве денови повремени врнежи од снег и студено време со минусни температури. Од Управата за хидрометеоролошки работи изјавуваат дека врнежите од снег и падот на температурите што ја зафати Македонија нема да предизвикаат позначителни оштетувања кај земјоделските култури.
Според неколку дневните прогнози на почетоков од пролетта температурите нема да бидат премногу ниски, а добра околност е што не се очекува и нагло разведрување и затоплување. Во Пелагонија температурите ќе изнесуваат околу нулата или позитивни така што нема да предизвикаат посериозни последици. Снегот се задржува на овошките и единствено може да предизвика кршење на гранките, па затоа се препорачува снегот да се истресе од гранките на овошките.
Во мала опасност се раните сорти на сливи, праски и кајсии кај кои може да дојде до проретчување на родот, но не и до целосно уништување.
Во почвата од досегашните врнежи има многу вода, особено во некои делови од Пелагонија. Дополнително количество на вода во почвата ќе има во текот на наредната недела кога ќе почне да се топат снеговите, бидејќи од недела се очекува постепено затоплување.

semm
Farma Dolneni
Vivafarm