CSS Template

Прилепскиот театар, утре, работно,со престава, ќе го одбележи Светскиот ден на театарот 27-март

Утре 27-ми март е Светски ден на театарот

311
Avtokontrol1

Утревечер ,по повод Светскиот ден на театарот 27-ми март, од 19.30 часот, Прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ ќе ја прикаже претставата  „Љубовни пози на историјата“(„FIGURAE VENERIS HISTORIAE“), од Горан Стефановски во режија на Наташа Поплавска и работнио и активно ќе го одбележи Денот на театарот.На овој ден,пред почетокот на преставата,која е бесплатна,за сите љубители на театарската уметност ќе бидат прочитана и Меѓународната, и македонската порака за Светскиот ден на театарот.

Македонскиот театарски институт оваа 2018 година, го избра талентираниот, харизматичен и духовит актер и стенд-ап комичар Сашко Коцев, актер од МНТ-Скопје, за автор на македонската театарска порака по повод Светскиот ден на театарот – 27 март.Тој напиша

„Светскиот ден на театарот е одличен повод токму ние, театарските дејци, да ги симнеме маските и да проговориме за вистината. Да се навратиме, да се потсетиме или да ги освестиме базичните мотиви кои нѐ натерале да се бавиме со оваа професија. Да го замениме стремежот кон конформизам и благосостојба, кои во принцип значат креативна смрт за уметникот, со несебична борба за промена од моменталниот културен стриптиз во создавање здрава културна матрица. Веќе подолго време кај нас нема вистинска, писмена, вешта и искрена театарска критика, критика без никаква позадина .Кој тоа толку многу се плаши од критиката? Несигурните? Неталентираните? Само таа ќе нѐ натера да ја кренеме летвичката погоре, да изнудиме повеќе од себе. На Светскиот ден на театарот, неопходно е сите да се запрашаме, имаме ли потреба да манипулираме со светоста на оваа професија кога таа има моќ да ни ја даде најнепроценливата овоземна илузија, смислата на нашето постоење! “- се вели во дело од пораката на Коцев,како македонска порака по повдо Светскиот ден на театарот

semm
Vivafarm
Farma Dolneni