CSS Template

„Подари ми насмевка“-Прва логопедска сликовница во Македонија

410
Avtokontrol1

Утре, среда 28 -ми март , во 18.30 часот во ликовниот салон на ЦК„Марко Цепенков“ ќе биде претставена Првата логопедска сликовница во Македонија „Подари ми насмевка“.

Сликовницата е под мотото „Сакајте го своето дете и оставете ја работата дома“од авторите Катерина Иваноска Вангелова и Татјана Петреска. Сликовницата  изобилува со совети за родителите и игри за децата со цел да се стимулира развојот на говорот на децата за да можат навремено да го усвојат правилниот изговор на гласовите.

Промотори на сликовницата ќе бидат :професор Цеца Видова Трајческа – проф. по македонски јазик, Данијела Петреска – логопед, Д-р Ирена Москова- педијатар, Гордана Ивановска -дефектолог и логопед, Наташа Икодиновиќ Талеска

semm
Farma Dolneni
Vivafarm