CSS Template

Маскенбал по повод Денот на шегата во Крушево

353
Avtokontrol1

Во центарот на Крушево денеска најмладите уживаа во дружењето и промоцијата на маски по повод Денот на шегата 1 ви април. Манифестацијата во организација на Општина Крушево предизвика голем број присутни да го проследат дефилето на маскенбалот на кој учествуваа ученици од училиштата, нивните професори – ментори, а секако присуствуваа голем број гости родители и пријатели посетители. Одбележувањето на Денот на шегата во Крушево прераснува во традиционална манифестација. Интересно беше да се проследи како младите се снаоѓаат во маските кои ги избрале да се претстават со својата фантазија.
Во соработка со Продукција Бозаро издвојуваме дел од претставените маски кои со радост и смеа продефилираа денеска во Крушево.

semm
Vivafarm
Farma Dolneni