CSS Template

Велигден во светот…

429
Avtokontrol1

Велигден е еден од најубавите и најважните христијански празници. Тоа е денот кога христијаните насекаде во светот го слават воскресението на Исус Христос, па заедно и во убава атмосфера се радуваат. Но покрај религиозните ритуали и обичаи кои се прават на овој ден, секоја земја има свој, уникатен начин на кој го празнува. Следниве земји ги имаат едни од најуникатните прослави.
ШКОТСКА
Велигден е доста лежерен празник во Шкотска. Иако како верници Шкотланѓаните ги почитуваат верските обичаи, како што е одењето на миса, сепак ова е ден кој тие го прават доста забавен. И сè се врти околу велигденските јајца. Откако ќе се сварат, бојадисаат и украсат со најразлични декорации, секој со своето јајце се упатува кон зелените ридови на тркалање. Целта е да се види чие јајце е најсилно и кое од многуте ќе го издржи тркалањето по ридот. Забавно, но и симболично, овој обичај го претставува тркалањето камења од Исусовиот гроб со што би му се помогнало да воскресне.
ФРАНЦИЈА
Иако црковните ѕвона ѕвонат секој втор ден во Франција, трите дена на Велигден нема да ги чуете. Според старата легенда, се верува дека е така бидејќи тие заминале во Рим за да бидат благословени. Неделата за Велигден, тие повторно може да се слушнат бидејќи ја поминуваат цела земја оставајќи чоколадни јајца, кокошки и зајчиња во секоја градина. Попладнето децата трчаат во градините за да го пронајдат скриеното богатство оставено само за нив од црковните ѕвона. Во поглед на велигденската гозба, изборот на цела Франција е јагнешко месо.

ГЕРМАНИЈА
Дефинитивно земја со една од најубавите традиции кога станува збор за детската радост – секој Велигден, секое дете од своите родители добива кошничка полна со подароци, чоколади и велигденски јајца. Овие кошнички се скриени во дворот, па по враќањето од миса, секое дете весело и возбудено ја бара својата кошничка. Додека ваквиот обичај е популарен во руралните области каде куќите имаат големи градини, во урбаните делови на Германија луѓето одат на велигденска прошетка во природа, па ги кријат велигденските гнезда полни со вистински и чоколадни јајца некаде низ дрвјата и грмушките за да можат децата да се забавуваат додека ги бараат.
КАНАДА
Прославите во Канада вклучуваат фестивали, вкусна храна и многу забава.И религиозните и нерелигиозните Канаѓани земаат учество во верските обичаи, актерските претстави, велигденските пеења и сите други активности, меѓу кои и одењето на миса.

Богатото мени е разновидно и по желба, но она кое го има на секоја маса се колачите со јаболка и печениот грав. Главната атракција на Велигден е големото јајце конструирано во 1975 година во чест на Украинските спогодби во Едмонтон. Ова е најголемото Велигденско јајце кое постои во светот и како такво претставува архитектонско ремек – дело кое е симбол на животот, просперитетот, вечноста и добрата среќа.
АМЕРИКА
Мисата е секогаш на прво место. Велигден е празникот кога сите христијани во Америка се облекуваат во најубавата облека и одат во црква на велигденска миса. А потоа на ред доаѓаат колачите и чоколадата. Некои компании за производство на чоколади специјално за Велигден произведуваат велигденски чоколади кои можат да се најдат во продажба само тој период. Она што особено го заслужува вниманието на оние кои живеат во Вашингтон е фактот дека, само за Велигден, вратите од градините на Белата куќа се отворени за децата и нивната игра која се состои во тркалање јајца. Ова е традиција која датира од 1878 година.
ЛАПОНИЈА
Со песна и танц се игра на снегот, се прават снешковци и се слави Исусовото воскреснување и будењето на природата.
РУСИЈА
Освен традиционалните јадења со овој празник се врзува и обичајот со честитање со тројно бакнување во образ.
ЧЕШКА РЕПУБЛИКА
Бојадисување на јајца и… камшикување девојки? Чешката Република може со сигурност да се смета дека има едно од најневообичаените велигденски традиции во светот. Чесите го нарекуваат Велигденски Понеделник “Камшикувачки Понеделник” бидејќи, на тој ден, е традиција да момчињата слабо ги “тепаат” девојките со една плетена гранка од врба која ја нарекуваат “Помлазак”. Со овој обичај се верува дека гранчињата ќе им дадат на оние кои што се удирани долга младост и благосостојба. За да ја покажат својата благодарност, девојките им подаруваат на момчињата кои ги ударале Велигденски јајца.
ПОЛИНЕЗИЈА
На Велика сабота се вкрстуваат школки за кои се верува дека се поврзани со морските духови. По ритуалот се враќаат во море каде воскреснуваат нов живот.
ДРУГИ ЗЕМЈИ
Во МЕКСИКО на улиците се поставуваат хартиени ликови од Јуда Искариотски, во кои е поставен огномет. Во БУГАРИЈА и РОМАНИЈА на Велика сабота се ставаат сол, брашно, квасец и јајца на прозорците, а од тие состојки на Велигденскиот понеделник се меси леб. Потоа лебот се појадува за да биде плодна годината. На ЛАМПЕДРУСА, мало италијанско островче, имаат еден од најубавите адети – имено на Велигден се забораваат сите недоразбирања и расправии. Во ШПАНИЈА пловат сплавови со украсени фигури кои претставуваат ликови од библиската приказна за Христосовото воскреснување. Чести се и поворките и гозбите.

semm
Vivafarm
Farma Dolneni