CSS Template

Мегленски го наследи Крчмаревиќ на чело на Победа

296

Долгогодишниот првотимец и капитен, а од скоро и помошен тренер, Тони Мегленски од денес е нов шеф на стручниот штаб на Победа. Ваквата одлука ја соопшти ВД претседателката на клубот Ирена Јакимовска, која истакна дека соработката со досегашниот тренер Слободан Крчмаревиќ продолжува и понатаму во делот на преодниот период, избор на играчи и дополнување на играчкиот кадар. И клубот и досегашниот тренер Крчмаревиќ остануваат на ставот дека односите биле коректни со оглед на тоа што било договорено во случај на негови обврски тој да ја напушти Победа, како и што се случи.
– Катастрофа би било и за македонскиот фудбал Победа да испадне во Втора лига и за ова сите во македонскиот фудбал треба сериозно да се замислат затоа што Прилеп е фудбалски град и центар кој многу дал за фудбалот во оваа земја.Посебно затоа што клубот е организиран на сите нивоа со младинска школа со над 200 децаи 10-тина категории млади селекции, вели Крчмаревиќ.
Клубот за мене е второ семејство, вели новиот шеф на стручниот штаб Тони Мегленски, кој е свесен за предизвикот и одговорноста, што ќе ја предводи Победа до крајот на првенството и покрај понудата за работа во клуб во странство.
-Сите добро знаат што значи за мене Победа. Клубот за мене бил и е второ семејство и затоа чувството дека сега и во оваа ситуација сум и најпотребен на Победа. Бев со Победа и кога се освојуваа шампионските титули но и кога се минуваше трнливиот пат од Третата и враќањето во Првата лига. Потребен сум и на екипата и напорно ќе работам го оствариме планот и да останеме во Првата лига, вели Мегленски.
Инаку, сезоната ја започна Штерјовски, па по неговата смена пристигна Црногорецот Бубања, а во март годинава пристигна Крчмаревиќ, кој се задржа само три натпревари. Тони Мегленски, иако беше дел од стручниот штаб на клубот првпат добива самостојна шанса да ја води Победа, која ја очекуваат тешки и решавачки натпревари во преостанатите 10 кола.

semm
Vivafarm
Farma Dolneni