CSS Template

Субвенции за ПВЦ дограма – Еуро Глас гарантираат врвен квалитет

369

И годинава домаќинствата ќе можат да надокнадат дел од трошоците за подобрување на енергетската ефикасност за становите и куќите. Во тек е поднесувањето на барања за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци, на јавниот оглас објавен од Министерството за економија.

– Ова е единствена можност преку субвенционирање да се намалат издатоците од домашниот буџет потребни за промена на старата дограма со нова, модерна со која ќе се овозможи заштеда на енергија. Покрај тоа нашите производи и врвната услуга овозможуваат одлична звучна и еколошка заштита од надворешните влијанија, велат од Еуро Глас од Прилеп, фирма која е специјализирана за поставување на ПВЦ и алуминиумска столарија.

    Најважно е да се реагира навреме!

Заинтересираните треба да го испочитуваат рокот и што поскоро да ја комплетираат потребната документација за Огласот за субвенциите,  објавен на 30 март, а ќе трае до крајот на август годинава, од единствена причина што доделувањето на надоместот ќе се врши по принципот „прв дојден прв услужен’’, сѐ до искористување на предвидените средства за оваа намена. 

– Веќе е во тек третата недела од објавувањето на јавниот повик. Има голем број заинтересирани домаќинства од Прилеп и регионов кои ја започнаа процедурата за поставување на ПВЦ или алуминиумска столарија. Работиме со зголемена динамика, интересот е голем, но им стоиме на располагање на сите заинтересирани кои ќе се одлучат да соработуваат со нас, одговараат од Еуроглас на прашањето колку се во можност да ги прифатат барањата на клиентите.Затоа е важно доколку планирате да инвестирате во ПВЦ и алуминиумски прозорци најпрво да контактирате со Еуро Глас на тел: 078 363 775, и 071 656 438 или да ги побарате на улица „Јоска Јорданоски“ во непосредна близина на старата општинска зграда.

Од Еуро Глас гарантираат за квалитетот на ПВЦ дограмата и нејзината функционалност, со цени кои се конкурентни на пазарот не само во Прилеп, туку и во регионот.

Според правилата востановени од Министерството за економија, субвенцијата изнесува до 50 проценти, но не повеќе од 500 евра во денарска противвредност по домаќинство, што во секој случај претставува од голема помош за домаќинствата велат од Еуро Глас, од каде потенцираат дека им стојат на располагање на домаќинствата за помош при комплетирање на документацијата.

Рамката за финансирање за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци во домаќинствата за годинава изнесува вкупно 30.000.000 денари за сите баратели кои ќе успеат да ги испочитуваат условите и час поскоро ќе аплицираат на огласот. Инаку, надоместот на дел од средствата за таа намена ќе можат да го остварат домаќинствата кои купиле или вградиле дограма, во периодот од денот на објавувањето на јавниот оглас, под услов да не го искористиле правото на поврат на дел од средствата за таква намена минатата година.

semm
Vivafarm
Farma Dolneni