CSS Template

Три многу важни бода за Победа против Вардар 2:0 (1:0)

287
Avtokontrol1

Победа ја продолжува жилавата битка за опстанок во елитното друштво со мошне значајните 3 бода во Струмица против второпласираниот Вардар.. Триумфот над Вардар е важен за Победа, затоа што сега се зголемува разликата во однос на Скопје и Пелистер, од дното на табелата кое значи трансфер во понискиот ранг.
Еден гол во првото и уште еден погодок во второто полувреме беа и повеќе од доволни за „домаќинот“ да стигне до триумф. Се до 20. минута натпреварот имаше мирен тек , кога првата шанса беше претворена во водство. Нафрлената топка од десната страна, во мешаницата топката дојде до осамениот Гешоски кој што од 5-6 метри од свртуваше шутираше прецизно во голот.
Примениот гол како да го разбуди Вардар, па тимот почна да создава шанси и да притиска., но до крајот на првиот дел тоа не вроди со плод.
Во второто полувреме продолжи притисокот на Вардар, а пресудна беше 54 тата минута кога Победа го даде вториот гол, кога Даноски тргна по десната страна, се ослободи од младиот Тодоровски и со шут по земја ги постави конечните 2-0. До финишот, вардарци имаа шанса да го ублажат поразот, но обидите завршија безуспешно.

semm
Farma Dolneni
Vivafarm