CSS Template

Шкупи пресилен за Победа 3:1 (0:0)

306

Шкупи пресилен за Победа во рамките на 30. коло во Првата македонска фудбалска лига. На стадионот на „Чаир“ и ја совлада Победа 3-1 (0-0), со што ги зголеми шансите за опстанокот во првата лига.
Дуелот беше од огромна важност и за двата тима во битката за опстанок, па и така започна мечот со претпазлива игра на двете страни и без многу излети пред противничкиот шеснаесетник. Со неколку наизменични шанси првиот дел заврши 0: 0, а второто полувреме домашниот тренер одлучи да го засили нападот во тимот со влегување на Баже Илијоски на местото од Ермедин Адем. Шкупи и во вториот дел продолжи со доминацијата. Најпрво се закани Ален Јашаровски со удар од околу 25 метри, но Тофиловски со пантерски скок одлично одбрани и спречи негатива на својот тим, за да истиот фудбалер во 63. минута конечно го совлада гостинскиот голман и донесе радост за домашните фанови (1-0).
По примениот гол, гостинскиот тренер направи две замени (Ацески и Ивановиќ) и се обиде да внесе живост во својот тим, но избраниците на Рамадан одлично го котролираа натпреварот. Наместо израмнување, Емре Чан во 76. минута се најде на вистинскот место и донесе комотни 2-0, а сите дилеми околу денешниот победник ги разреши Баже Илијоски со гол од пенал, во 83. минута.
Конечните 3-1 само три минути подоцна, исто така од пенал, ги постави Филип Најдовски.
Во наредното коло Победа ја пречекува Шкендија.

semm
Vivafarm
Farma Dolneni