CSS Template

Вработените на Еурокомпозит протестираат во Прилеп и во Скопје

343

Со безрезервна поддршка на колегите кои од вчера, штрајкуваат пред Владата во Скопје, денеска протестираа вработените во „Еурокомпозит“. Тие два часа протестираа низ улиците на Прилеп и пред зградата на локалната самоуправа. Генералниот штрајк е активен и работниците се решителни дека нема да отстапат до исполнување на нивните барања:
– Владата на седница да донесе писмена гаранција дека ќе се исплатат сите заостанати плати и придонеси во наредните неколку месеци.
– Владата да oпредели пакет мерки за социјална згриженост на вработените, односно можност за заминување како технолошки вишок.
– Дореализација на одлуката во наредните неколку месеци Владата да обезбеди бруто плата за вработените.
– И четврто, Владата да гарантира преку буџетот спроведување на оваа одлука.
Работниците се истрајни да ја завршат децениската агонија и преку индивидуални тужби наредниот период да можат своите побарувања да ги наплатат од буџетот на Р. Македонија, вели Пеце Вељаноски, член на синдикалниот одбор на Еурокомпозит.
Според работниците група вработени ќе ги менуваат колегите кои со неколку шатори се наоѓаат пред Владата во Скопје. Неофицијално, во понеделникот попладне во фабриката се одржала средба на вице-премиерот Кочо Анѓушев со в.д директорот Јагуриноски и претседателот на синдикатот Роберт Богданоски, но била кратка.
Богданоски, кој е на протест пред Владата во Скопје, потврдува дека средбата се одржала кратко и набрзина, па потоа за неа ги информирале вработените.
– Вицепремиерот Анѓушев на средбата рече дека до крајот на овој месец ќе биде назначен нов директор на „Еурокомпозит“, а во меѓувреме ќе се изнајдат средства за плата. Таа, посочи вицепремиерот, треба авансно да се побара од нашите партнери за кои работиме производи, бидејќи владата тешко дека може да изнајде средства, рече Богданоски за МИА.

semm
Farma Dolneni
Vivafarm