CSS Template

Дали турски инвеститор ќе го „оживее“ Еурокомпозит?!

370
Avtokontrol1

Завршија протестите од работниците на Еурокомпозит пред Владата во Скопје и во Прилеп. По синоќешните преговори со владини претставници синдикалната организација одлучи да го стави штрајкот во мирување.
-Наредниот понеделник линеарно сите вработени во прилепски „Еурокомпозит“ ќе добијат плата, соопшти владината прес служба. Договорот бил постигнат доцна синоќа, а воедно, направен бил заемен договор во кој и вработените преземале обврски да се вратат на работните места.
Имено, сите вработени преземале обврски да ја извршуваат работата со цел да се обезбеди прилив на средба во период кога Владата ќе работи на решавање на состојбата.
Договорено е наредните 3 месеци да се изврши проценка на имотот на Еурокомпозит 11 Октомври, со цел отуѓување и приватизација на компанијата на странски инвеститори. А во наведениот 3 месечен период 120 работници да заминат како технолошки вишок.
Паралелно со преговорите околу социјалните прашања на работниците, Еурокомпозит 11 Октомври, денеска го посети 15 члена турска делегација составена од претставници на повеќе турски компании од воената индустрија, кои што ја скенираат состојбата на компанијата бидејќи пројавиле интерес за инвестирање во прилепскиот загубар од наменската индустрија.

semm
Farma Dolneni
Vivafarm