CSS Template

Џудо федерацијата, во Прилеп, избра ново раководство

796

На вонредно Собрание кое се одржа во Прилеп Џудо Федерацијата на Македонија избра нов претседател и нови членови на извршниот и надзорниот одбор. На местото на досегашниот претседател Филип Иванов му беше изгласана недоверба, а за нов прв човек на Федерацијата е избран Зеглул Реџепи.
Во Извршниот одбор членови се Благоја Гешоски од Прилеп, кој воедно е и потпретседател на федерацијата, потоа Марјан Колев, Ердал Факиќ, Николче Мариноски, Јордан Георгиевски, Биктор Ивановски, Миодраг Стојановиќ, Ванчо Настов, Берад Дехари и Панче Едровски.
Во надзорен одбор се: Снежана Патирова, Влатко Кузмановски и Влатко Стојанов.
Од вкупно присутни 24 клубови, со 48 делегати, новиот претседател Реџепи е избран со 30 гласови поддршка.

 

Вонредното собрание беше свикано по иницијатива на 12 џудо клубови од кои 5 од Прилеп, или 1/2 од клубовите кои се обединија со единствено барање да гласаат за ново раководството на Џудо Федерацијата и за иднината на овој спорт.

На Собранието присуствуваа претставници од сите 24 клуба.

Иницијативниот одбор го свика вонредното Собрание со образложение дека имало прекршување на актуелниот Статут на ЏФМ и останатите законски акти врз кои се базира истиот; игнорирање на барања, предлози и забелешки на поголемиот број клубови и носење еднострани одлуки на раководството; дуплирање на функции од страна на одредени личности, неизбирање на неколку поважни комисии, како судиската, неизбор на селектори на национални селекции, неодржување на ниту едно државно првенство и многу други причини. Состанокот се одржа во просториите на старата општинска зграда во Прилеп. Ден претходно, кандидатот за претседател Зеглул Реџепи објави писмо со кое ги повикува клубовите да не губат надеж и оти џудото во Македонија го очекуваат подобри денови.

semm
Vivafarm
Farma Dolneni