CSS Template

„Со знаење до ѕвездите“ порачаа учениците од ООУ „Кире Гаврилоски“ (ГАЛЕРИЈА)

408
Avtokontrol1

На втората вечер од традиционалните училишни смотри синоќа на сцената од Центарот за култура Марко Цепенков се претставија учениците од ООУ „Кире Гаврилоски“.
Секогаш е интересно и забавно кога станува збор за сценски изведби на учениците, особено кога се тоа точки создадени со љубов и на задоволство на учесниците, нивните ментори, а овој пат тоа се гледаше и на лицата на присутната публика. На сцената од Центарот за култура Марко Цепенков се претставија со свои музички настапи и сценски повеќе од 200 ученици од сите паралелки. Опфатени беа учениците од сите возрасни групи од 1 -во до 9- то одделение, кои изминативе месец дена се подготвуваа во рамките на воннаставните активности. Разиграно, со љубови и весело, но и со мотив повеќе зашто се работи за знаење кое се добива преку континуирана работа во училиштето, но и преку игра, што пак на крајот мора да има резултати што беше и мотото на годинешните смотри на учениците од ООУ „Кире Гаврилоски“ –

  „Со знаење до ѕвездите“ 

semm
Farma Dolneni
Vivafarm