CSS Template

„Градиме мостови на пријателство“- 40 деца од три пелагониски општини отпатуваа во Романија

По тринаесети пат Детската Амбасада за Сите Деца во Светот го реализира проектот „Градиме мостови на пријателство“

648
Avtokontrol1

     По тринаесетти пат Детската Амбасада го реализира проектот „Градиме мостови на пријателство“. Група од 40-тина деца,  составена од најдобрите ученици во основното и средно образование од општините: Прилеп, Долнени и Кривогаштани, деца од социјално ранливи категории, деца на загинати бранители и истакнати деца членови на Детската Амбасада, заминаа во Романија, каде ќе се дружат со деца од оваа земја. Децата во Романија ќе ги сумираат вредностите на демократското општество на една држава членка на Европската Унија, како и запознавање со културното и историско минато на Романија, негувањето на традицијата и општествените вредности во мултикултурното општество, со посета на прекрасните градови Букурешт, Синаја и Брашов, каде ќе ја посетат и Македонската амбасада, ќе бидат примени од В.Д. амбасадорката г-ѓа Наташа Николова.

Тоа е уште една потврда за искреното пријателство помеѓу двата народи и пред се помеѓу децата од двата пријателски народи кои се иднината на нашите држави.

Целта е дружење и запознавање, па од Детскатa амасада веруваат дека тие пријателства меѓу децата од различни држави ќе продолжат и ќе се негуваат преку социјалните мрежи  и наскоро ќе имаат и возвратна посета.

          Децата се нашата иднина, иднина на Република Македонија и иднина на Светот. Сите ние сме одговорни за нивниот благодет. Затоа е потребна држава за еднинство, еднаквост, мир, љубов и благосостојба за најбројниот народ на нашата планета – ДЕТСКИОТ НАРОД. Таму се и нашите заложби за детската правда и правичност кон нив, преку основањето на Меѓународниот суд за детска правда согласно со Конвенцијата и Декларацијата на ООН за правата на децата истакнуваат од Детската Амбасада за Сите Деца во Светот.

        Оваа активност беше поддржана и од градоначалниците,  Илија Јованоски (градоначалник на Општина Прилеп),градоначалникот на Општина Долнени, Џемил Ќамили и од градоначалникот на Општина Кривогаштани, Рубинчо Шефтероски,  општина која прв пат се вклучува во проектот.

           Активноста започна кога прв пат децата на Република Србија (тогаш Србија и Црна Гора) ги преминаа државните граници и дојдоа на заедничко дружење со децата од Македонија на  Пелистер во организација на Детската Амбасада за сите деца во светот. Во изминатиов период, Детска Амбасада организираше посети на Република Србија, Република Хрватска, Република Грција, Република Бугарија, Федерацијата на Босна и Херцеговина, Република Турција, Република Италија, Светата Столица – Ватикан и Република Австрија, Република Словачка, Република Унгарија и други држави.

 

semm
Farma Dolneni
Vivafarm