CSS Template

Победа обезбеди бараж за опстанок

336

Минимална, но сосема доволна победа, и обезбеди бараж за опстанок во елитното друштво на Победа. На стадионот Младост во Струмица, Победа беше поуспешна од Ренова со 1-0 со голот на Зоран Даноски во првата минута од судиското надополнување, и со тоа го освои осмото место на табелата.

Баражот за опстанок во Првата лига ќе го игра со подобриот од второлигашкото доигрување помеѓу Борец од Велес и Гостивар.
Победа прволигашката сезона ја заврши со 10 победи, 8 нерешени и 18 порази. Последното коло црвено – белите го завршија со 38 бодови пред Пелистер со 34 и Скопје со 35 бода, двете последно пласирани екипи кои се селат во Втората лига од наредната сезона.

semm
Farma Dolneni
Vivafarm