CSS Template

Општина Прилеп ќе штеди енергија .Советниците едногласно, „да“ за програма за енергетска ефикасност

321
Avtokontrol1

„Важна компонента за Oпштината е енергетската ефикасност.  Досег не располагавме со програма затоа ги ставивме на дневен ред, програмата за енергетска ефикасност, која што е со опфат од 2018 до 2020 и акицониот план, кој треба да се спорведува секоја година  и треба да и дадеме информација на Агенцијата за енергетика за  трошењето на струја и топлинскаta енергија за предходниот период.Бидјеќи ние во предходниот период немавме програма, ниту состојби за потрошувачка на енергија, за прв пат имаме ваква програма. Морам да признам имало добра програма 2012/14  година, но нејзината реализацијата е под знак прашање. За нас, како Општина, многу е важно да ја спроведиме оваа програма за енергетска ефикасност, бидјеќи е со  врвен тамплет на Светска банка и Агенција за енергетика “- презенираше пред совениците, Влатко Силјаноски од ЛЕР-Прилеп

 „Заштеди 35 % од целокупната топлотна и елктричан енергија“

„Опфатот на програмата не се однесува само на објекти (училишни згради, градинки, Општинска зграда , пожарникарската зграда  ..итн ) туку и на водата, јавниот транспорт итн. Вкупната потрошувачка на енергија за градот Прилеп минатата година изнесуваше  87 милиони денари. Од тие 87 милиони ден.трошокот за енергија ,топлиска или електрична на општинските објекти (образовни,административни  и објктите за социјални грижи)  изнесува  41 милион ден,што би значело дека одприлика  50 % е од вкупниот трошок за енергија.Проектот за гасификација е важени, за  сите граѓани,така со спроведеувањето на оваа програма за енергетска ефикасност, Општина Прилеп може годишно да заштеди 35 % од целокупната топлотна и елктричан енергија која се користи во Општината “- истакна пред совениците, Влатко Силјаноски од ЛЕР-Прилеп

Советниците на Општина Прилеп на седницата со едногласно „да“, ја усвоиа програма за енергетска ефикасност на Општина Прилеп за период, 2018 – 2020 год.

Тие,иако не едногласно, но ја донесоа и одлуката да се пренамен на средствата за реконструкција на локалните патишта, за дореконструирање на Дневниот центарот за деца со детска парализа,кој се подготвува.Од 10-ти милиони денари за реконструкција на локални патишта ,50% од средствата, советниците одлучија да  бидат пренаменети за доизградба на дневниот центар, со образложение дека треба да се испочитува рокот за негово пуштање во употреба,до крајот на јуни.

Советниците го усвоија и финсискиот извештај на ЈКП „В и К“,а на голем број советнички прашања одговараше директорот на ЈКП „Комуналец“ .„Што со кучината скитници?„Дали е задволен од  чистотота на градот?„Кога ќе има канти за отпад за населбата „Тризла 2“?„Дали обврските кон вработените се подмирени ?„ Кога ќе се чисти речното корито од дабнички канал до влезот на Оревојачка река?!“итн

На седницата советниците изгласаа и за поставување на спомен плоча во паркот кај судот , на починатиот Ненад Серафимоски, на која ќе пишува „Сите дадовме нешто ,а некој даде се„, кој почина на 09 .05 2015 година во судирот во Куманово, а беа одобрени и донации кои се од јавен интерес.Едногласно беше прифатена и одлуката за определување на локалитет за организирање на престојниот „Фестивал на пивото“На крај советниците одлучија новоформиранот здружението на спортски ветерани да има право да го носи името „Прилеп„

semm
Vivafarm
Farma Dolneni