CSS Template

Граѓаните да не се плашат од притисоци – порача претседателот на ВМРО ДПМНЕ Мицковски од Прилеп

365

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкосвки, доцна попладнево беше во посета на Прилеп. Тој истакна дека ова е редовна средба со членството и симпатизерите на ВМРО ДПМНЕ.

Пред новинарите  изјави  „ Откако бев избран за претседател на ВМРО ДПМНЕ, основна задача си поставив пред себе да ги посетам сите ОК во Р. Македонија.Ова некако кореспондира со масовна мобилизација на членството на поддржувачите на сите граѓани во Р. Македонија кој ќе ни се придружат на проетестниот собир на 2-ри јуни. Денеска сум во Прилеп, вчера бев во Битола, изминативе денови ги посетивме Штип, Охрид, Струга. Атмосферате секаде е одлична. И, кога велам одлична мислам на револтот и протестот кој го изразуваат граѓаните кон овие не народни и погрешни политики кои што Зоран Заев и Владата на Социјалдемократскиот Сојуз ги спроведува во година дена откако се избрани. Ќе можеме симболично нашето незадоволство да го изразиме пред платото на Владата, на 2-ри јуни, така што мислам дека ова се редовни посети што претседател на најголемата политичка партија во Република Македонија, ВМРО-ДПМНЕ, треба да ги прави и треба да ги примени во пракса, не само сега, да ги користиме за мобилизација на пред овој голем протестен собир, туку сето ова да го практикуваме и во иднина, без разлика дали ВМРО-ДПМНЕ ќе биде дел од Владата, односно ќе ја води Владата во Република Македонија, или понатаму ќе биде во опозиција.  “, рече Мицковски.

„Она што им  порачувам на граѓаните е да не се плашат . Следува период на притисоци, следува период кога не вистината ќе се обидат да ви ја прикажат како вистина, поразот како победа, но мора да опстоиме заедно, мора да се мобилизираме, да ја поразиме оваа не народна Влада и на крајот на денот Македонјиа ќе победи“- изјави Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицковски во Прилеп пред новинарите

 

 

semm
Vivafarm
Farma Dolneni