CSS Template

Победа останува прволигаш!!!

325
Avtokontrol1

Победа останува таму каде што и е местото – во Првата македонска фудбалска лига. Следната сезона клубот ќе продолжи во елитното друштво од како денеска го совлада велешки Борец со 2:1. Натпреварот за обезбедување на опстанокот се играше на стадионот „Младост“во Струмица.
Предноста од 2:0 Победа ја обезбеди уште во првиот дел со головите на Иван Ивановиќ во 8 мин. и на Виктор Велкоски во 29 мин. За намалување на водството се погрижи Кудијан во 56 мин. од второто полувреме, но тоа беше се што можеа да сторат фудбалерите на Борец. Победа имаше безрезервна поддршка од многубројните навивачи кои пристигнаа во Струмица, а славењето за обезбедување на прволигашкиот статус сигурно ќе продолжи и во Прилеп.
Честитки за успехот до фудбалерите и целото раководство на клубот и од екипата на Радио Пела.

semm
Vivafarm
Farma Dolneni