CSS Template

Парични награди за најдобрите матуранти и екскурзија за најуспешните основци

320
Avtokontrol1

Петте најдобри прилепски матуранти: Марија Спиркоска од СОУ „Орде Чопела“, Христијан Ржаникоски од гимназија „Мирче Ацев“, Марија Цветаноска од СОУ „Кузман Јосифоски- Питу“, Давид Лазароски од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ и Марина Талеска од СОУ „Ѓорче Петров“,од учебната 2017/2018 година денеска ги прими градоначалникот Илија Јованоски во својот кабинет. Како поттик за иднина и награда за постигнатиот успех тие добија ваучери од по 6.000 денари.
„Денес, во мојот кабинет беа присутни најдобрите матуранти и се надевам дека сите ќе се запишат на соодветниот факултет каде што сакаат. По тој повод, Општина Прилеп им доделува вредносен ваучер од 6.000 денари, како награда за успешниот ангажман во изминативе четири години“, истакна градоначалникот Јованоски.
„Голема е честа да се биде првенец на генерација во гимназијата „Мирче Ацев“, а денешниот прием е голем гест од страна на градоначалникот. Ова претставува мотив да работиме и во иднина“, посочи Христијан Ржаникоски, најдобриот матурант од гимназијата „Мирче Ацев“
„Задоволство е да се биде првенец на генерација. Голема благодарност до градоначалникот Илија Јованоски за укажаната чест. Моите идни планови се да да се запишам на Природно-математичкиот факултет“, истакна Марија Спиркоска од СОУ „Орде Чопела“.
Покрај паричната награда за најуспешните матуранти, градоначалникот Јованоски посочи дека за најдобрите ученици од сите основни училишта во градот и населените места, Општина Прилеп ќе организира еднодневна екскурзија во Охрид, со цел учениците да се запознааат и со дел од нашето културно наследство.

semm
Vivafarm
Farma Dolneni