CSS Template

Промоција на стихозбирката „Доверливи искри“ од Блага Тутеска

307

Во Градската библиотека Борка Талески во Прилеп синоќа беше промовирана стихозбирката „Доверливи искри“ од поетесата Блага Тутеска. Пред многубројните почитувачи на поезијата на Тутеска промотор на најновата стихозбирка „Доверливи искри“ беше Виолета Христоска, рецензент Божидар Јовиќ и Елеонора Михаилова. Промоцијата ја збогатија со музички изведби на хармоника Анастасија Мирческа, Христијан Илиоски и Марија Ковилоска.

БЛАГА ТУТЕСКА е пензиониран наставник по македонски јазик. До сега издала две стихозбирки:”Ѕуница”-песни за деца и “Аманет”-песни. Објавила есеи во Списание за литература и култура “Корени”-Куманово, во билтен “Кокино”-Куманово,во книжевната манифестација “Поетско Маркукуле”-Прилеп.

semm
Vivafarm
Farma Dolneni