CSS Template

Мирен протестен марш во Прилеп против договорот со Грција

307

 

Протести во Прилеп

Мирен протестен марш во Прилеп против договорот со ГрцијаКако што беше најавено преку социјалните мрежи, вечерва во центарот на Прилеп се одржа мирен протестен марш кој што започна од 20 часот пред камената бина, а продолжи до кружниот тек Карпалак. Повеќе стотини прилепчани во центарот на Прилеп недвосмислено го кажаа своето НЕ против договорот со Грција, и Не за промена на уставното име на Република Македонија. Во центарот на Прилеп евидентно беше големо присуство на полицијата пред, за време и по одржувањето на протестот, кој помина мирно и без ниту еден инцидент. Прилепчани порачаа дека нема да дозволат смена на уставното име Македонија и дека ќе го бојкотираат најавениот референдум

Posted by Radio Pela 96,8 FM on Wednesday, June 13, 2018

Како што беше најавено преку социјалните мрежи, вечерва во центарот на Прилеп се одржа мирен протестен марш кој што започна од 20 часот пред камената бина, а продолжи до кружниот тек Карпалак. Повеќе стотини прилепчани во центарот на Прилеп недвосмислено го кажаа своето НЕ против договорот со Грција, и Не за промена на уставното име на Република Македонија. Во центарот на Прилеп евидентно беше големо присуство на полицијата пред, за време и по одржувањето на протестот, кој помина мирно и без ниту еден инцидент. Прилепчани порачаа дека нема да дозволат смена на уставното име Македонија и дека ќе го бојкотираат најавениот референдум.

semm
Farma Dolneni
Vivafarm