CSS Template

Работниците на протести во Скопје, Владата ќе расправа за Еурокомпозит

305
Avtokontrol1

Група од 40 тина работници од Еурокомпозит, како што најавија вчера, од утринава поставија шатори пред Владата и велат дека ќе останат таму се до решавање на нивниот проблем. Причината за тоа е како што велат од синдикалната организација неисполнетите барања и ветувања од страна на владиниот тим за решавање на децениската социјална агонија- неисплата на плати, неподмирување на придонеси. Според најавите на премиерот Зоран Заев, кој денеска присуствуваше во работна посета на Прилеп и пуштање во употреба на новата Пречистителна станица, состојбата на Еурокомпозит
денеска ќе биде во рамките на посебна точка на седницата на Владата.
– Суштината е дека Владата ги исполнува ветувањата но, продукција никако не се случува во Еурокомпозит, и во ред, двете страни имаат оправдување. Веднаш по завршувањето на пуштањето во употреба на овој прекрасен објект имаме седница на Владата, иако седницата ја води вицепремиерот Радмила Шеќеринска, таа точка е последна со цел да присуствувам на расправата. Станува збор за „купување месеци“ додека не заврши комплетната процена за објавување на продажба. Паралелно со тоа, планираме и пакет за испраќање технолошки вишок на оние вработени кои сакаат да заминат. Конечната цел ни е интересот на работниците, а секако и иднината на Еурокомпозит зашто се надеваме дека ќе продолжи со производство на материјали за безбедносните служби во земјава, но и производи за извоз, одговори премиерот Заев на новинарско прашање во врска со конечното разрешување на сеуште отворените прашања на прилепскиот загубар Еурокомпозит.

semm
Farma Dolneni
Vivafarm